Утрински Весник
Скопје

Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време, од 10 до 18 часот

Zhichnicata Na Vodno.webp.webp

Жичницата на Водно од утре, вторник (2.04.2024 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот, соопшти ЈСП Скопје.

Согласно возниот ред за април, последно возење од долу кон врвот е од 17:00 до 17:30 часот, а последно возење од врвот надолу е во 17.45 часот.

Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за жичницата се неработни денови.

Можете да прочитате

Во пожарот кој ја зафати Универзална сала горел градежен материјал што требало да биде исфрлен

Со низа активности Општина Аеродром одбележува 19 години постоење

Дел од општина Гази Баба утре без вода