Утрински Весник
Свет

Жештина ја парализира Грција: Акропол неколку часа затворен поради високите температури

Жештина ја парализира Грција: Акропол неколку часа затворен поради високите температури

Грчките власти денеска ќе го затворат Акропол на неколку часа за да ги заштитат посетителите од топлотниот бран што ја зафати Грција и другите јужноевропски земји.

dobivaj vesti na viber

Ридот на кој се наоѓа Акропол ќе биде затворен од пладне до 17 часот по локално време, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Грчката метеоролошка служба објави дека температурите во Атина ќе достигнат до 41 Целзиусов степен, но температурата во близина на Акропол обично е повисока отколку во остатокот од главниот град.

Топлотниот бран „Кербер“  зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, со потенцијал да сруши рекордни температури во наредните денови.

Минатата година, повеќе од 61.000 луѓе умреле од летните топлотни бранови ширум Европа, според студијата неодамна објавена во списанието Nature Medicine.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури