Утрински Весник
Скопје

Женско рели денеска на улиците во Скопје

Zensko Reli.jpg

Женското рели „#женскорели2025“ денеска ќе ги раздвижи улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Овој настан, кој се одржува по шести пат, ќе биде вистински тест за умешноста и брзината на учесничките, кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини: градско возење по однапред зададена рута и брзински испит познат како „гимкана“.

Сите натпреварувачки мора да поседуваат важечка возачка дозвола и да возат со сопствено возило, додека тимот се состои од возач и совозач.


„Веќе шест години преку ова рели ги поттикнуваме девојките и жените активно да се вклучат во автомобилизмот. Овој спорт не е само забава, туку и начин да се промовираат вредности како почитување на сообраќајните правила, внимание и култура на однесување во сообраќајот. Нашиот главен фокус е да испратиме силна порака за еднаквост, позитивен натпреварувачки дух и поддршка меѓу сите учесници“, изјави Кристина Станојковска, потпретседателка на АФСМ.

Настанот е организиран со поддршка на домашни и меѓународни партнери на Автомобилистичката федерација на Северна Македонија, која е дел од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Можете да прочитате

Општина Аеродром по петти пат активен учесник во „Генералка викенд“

Маж залепен со салотејп за бандера чека новинари на плоштадот во Скопје

(Видео) Жонглер ги забавува возачите и минувачите во центарот на Скопје