Утрински Весник
Свет

Жените во Авганистан повеќе нема да смеат да полагаат приемен испит за на факултетите

Жените во Авганистан повеќе нема да смеат да полагаат приемен испит за на факултетите

Министерството за високо образование им нареди на приватните универзитети во Авганистан да не дозволуваат студентките да полагаат приемен испит следниот месец.

dobivaj vesti na viber

Писмото на Министерството е испратено до институциите во северните провинции на Авганистан, вклучително и Кабул, каде што треба да се одржуваат приемните испити од крајот на февруари, објави Ројтерс.

Во писмото се наведува дека оние институции кои нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со правни последици.

Во декември, Министерството за високо образование им порача на универзитетите да не дозволуваат студентките да посетуваат факултети до понатамошно известување.

Неколку дена подоцна, управата забрани работа на повеќето жени вработени во невладини организации.

Властите ги затворија и повеќето средни училишта за девојки. Меѓународната заедница ги осуди ограничувањата на работата и образованието на жените во Авганистан.

Можете да прочитате

Вооружени лица киднапирале над 150 верници од три цркви во Нигерија

И Канада размислува да испрати војници на Гренланд

Во подготвка е НАТО мисија на Гренланд