Утрински Весник
Македонија

„Жените на Пучини“ во НОБ во рамките на „Месец на Пучини“

20241118175951 Big 730x400 37.webp.webp

Во фоајето на Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.

-Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини.  На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова , Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев, велат од Националната опера и балет.

Во исто време, во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.

-Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти, велат од Националната опера и балет.

Овој настан, додаваат оттаму, претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера во извонредна атмосфера.

Можете да прочитате

ЗНАМ ќе има сопствени советнички листи на локалните избори

Автобуси од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ на собирот во Ниш

ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА ДОГОВОРИТЕ СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – најави вечерва вицепремиерот Николоски