Утрински Весник
Македонија

Жена од Виница измамена за сума од 12 илјади евра – и кажале дека на снаата итно и е потребна операција

Lekar.webp.webp

На 09.01.2026 во 15:00 часот во ОВР Виница, 67-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 12.400 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и кажало дека нејзината снаа имала тешка повреда на работното место и дека се потребни пари за да се направи операција.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото, каде што ѝ кажало лицето, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за заштита од пожари

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за животен стандард, а граѓаните од СДС паметат само двоцифрена инфлација и осиромашување

Изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш