Утрински Весник
Свет

Жена од Мисури го труела сопругот правејќи му смути со корен од момина солза

Img 8134

Наставничката во приватно христијанско училиште во Калвари, Мисури, Сара Шефер, е обвинета за обид за убиство бидејќи наводно се обидела да го отруе својот сопруг додека имала прељубничка афера. Како што пишува Њујорк пост, нејзиниот сопруг инсталирал скриена камера за да ја сними како го става коренот на момина солза во неговото смути.

Минатата недела Шефер беше обвинета за семејно насилство од прв степен, откако нејзиниот сопруг и кажал на полицијата дека бил болен околу шест недели, по што таа беше обвинета и за обид за убиство.

„Жртвата ги известила властите дека верува дека периодот на необјаснета болест е всушност резултат на намерно труење“, соопшти локалната полиција. Сопругот опишал осум случаи во кои Шефер наводно „му послужила пијалок или храна со чуден вкус и кратко време по земањето доживеал екстремен замор, збунетост, заматен вид, сува уста и гадење“, се наведува во извештајот.

Откако Шефер негираше дека додала нешто на смутито, нејзиниот сопруг поставил надзорна камера во кујната, каде што рече дека забележал торба со ознака „момина солза“ на масата на 16 јануари.

Подоцна таа признала дека го додала коренот на растението во блендерот додека нејзиниот сопруг го подготвувал смутито. Сите делови на момина солза содржат срцеви гликозиди, кои го забавуваат срцето и предизвикуваат неправилен ритам и можат да бидат фатални во големи количини. Шефер е задржана во окружниот затворврз основа н налог за апсење.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд