Полицијата ја уапсила 29-годишната мајка на бебето, која не сака да признае дека на новогодишната ноќ го фрлила детето во река.
Наводно, жената на 31 декември со такси од Ставрос Иматијас со бебето во раце се упатила кон местото каде што го фрлила во вода.
Потоа отишла во Александрија и престојувала во хотел, каде ја поминала новогодишната ноќ.
Утрото таа се вратила во куќата каде што живеела со бебето, бабата и дедото.
Кога се вратила дома без ќерката, семејството ја алармирало полицијата која веднаш покренала истрага за да утврди што точно се случило.
Полицијата ја испрашала мајката, која најпрвин и укажала на полицијата дека го оставила бебето во напуштена куќа во Верија. Сепак, властите таму не можеа да најдат никакви траги.
Полицијата изврши притисок врз мајката и таа на крајот ги отфрли своите тврдења, велејќи дека го фрлила бебето во браната Алијакмонас доцна на новогодишната ноќ.
Αυτή είναι η 29χρονη που έριξε το μωράκι της στο ποτάμι στη Βέροια – https://t.co/Bojp1lNf82 #news #ioannina #giannena #epirus #gianniotika #greece #grnews pic.twitter.com/yo4MCsRaxY
— gianniotika.gr (@gianniotika) January 2, 2023
По претресот на теренот, полицијата го лоцирала бебето и телото го извлекла од реката. Телото било пренесено во болницата во Верија, каде лекарите можеле само да ја констатираат смртта на детето.
Како што пренесува локалните медиуми, лекарите кои го прегледале телото констатирале дека има каснувања од животни.
Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Αυτή είναι η 29χρονη ανύπαντρη μητέρα που πέταξε το 11 μηνών παιδί της σε ποταμό – Σε αντίθεση με αυτά που είπε η αστυνομία, η ίδια αρνήθηκε στον Εισαγγελέα ότι ήταν αυτή που το σκότωσε – Κατηγορείται για ανθρωποκτονία από πρόθεση (ΦΩΤΟ-ΒΙΝΤΕΟ)https://t.co/ZK9EHvK3Nb #Αλιακμονα pic.twitter.com/T9ThsCx0f8
— eviazoom.gr (@eviazoom) January 3, 2023
Таткото на детето изјави за protothema.gr дека и покрај напорите што ги вложил да го признае детето по неговото раѓање, секогаш наидувал на ѕидот на нејзиното семејство, но се грижел за него и многу често го посетувал.
Тој рече дека е шокиран од убиството и не може да поверува како 29-годишната девојка ја донела оваа одлука.
– Од денот кога се роди, се борев за ова бебе и сакав да и признаам. Ја гледав често, секогаш беше во чиста облека и изгледаше добро, никогаш не можев да замислам дека тоа ќе се случи. Да имаше знак, ќе го направев поинаку – вели тој.
Неофицијалните резултати од обдукцијата наводно покажуваат дека бебето починало од задушување, а мајката и понатаму го негира делото, обидувајќи се да се оправда дека детето не го фрлила во река, туку и испаднало од раце.
– Не си го убив детето, не знам што се случи – рече таа на рочиштето и додаде дека нејзиното дете паднало во вода и не можела да скокне за да ја извлече.
Следниот ден би бил роденден на бебето и девојчето би наполнило една година,пренесе Блиц.рс.