Утрински Весник
Македонија

Жена лажно пријавила бомба во училиште

Telefon Shkolo.jpg

На 06.11.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за истраги за тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во содејство со Секторот за компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Ј. (40) од Радовиш, со престојувалиште во Скопје, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело” по чл. 366 од КЗ.

Таа делото го сторила така што преку провајдерот „гугл” на 29.10.2025 во 06:41 часот од претходно креирана меил адреса и користејќи го нејзиниот мобилен телефонски апарат, на службената е-маил адреса на основно училиште во Радовиш, испратила заканувачка содржина, во која меѓу другото стоело и дека е поставена бомба во училиштето.

Притоа, преземени се соодветни мерки и активности во насока на утврдување на потеклото на IP адресите и утврден е сторителот на кривичното дело. Исто така, извршена е и антитерористичка проверка во училиштето, при што е утврдено дека не се пронајдени експлозивни средства и направи.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати