Утрински Весник
Спорт

Ждрепка за нокаут-фазата во Лигата на шампионите

Ждрепка за нокаут-фазата во Лигата на шампионите

Денеска напладне во Нион ќе се одржи ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Осум од 16.екипи доаѓаат од Англија и Германија, три од Италија, две од Португалија и по една од Франција, Белгија и Шпанија, што е најголемото изненадување, бидејќи Ла Лига ја претставува само бранителот на титулата Реал Мадрид.

Според правилата во осмина-финалето не можат да играат екипи од иста земја и екипи кои биле во иста група.

Носители на ждрепката ќе бидат: Наполи, Порто, Баерн, Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити и Бенфика.

Во вториот шешир ќе бидат: Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, Лајпциг, Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Првите осмина-финални натпревари се на 14, 15, 21 и 22 февруари следната година, додека реваншите се на 7, 8, 14 и 15 март.

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко