Утрински Весник
Македонија

Жално е што Црвенковски не е во политиката вели Дамјановски

3fea3cb2 d126 4a34 bce4 cf0ec8409f8c.jpeg
Dik 300x250 mk

Во гостување на Радио Канал 77, во емисијата „Стадион“, поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, изрази поддршка за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, оценувајќи дека има сериозни шанси да ја добие градоначалничката функција на претстојните локални избори.

Дамјановски зборуваше и за своите контакти со актуелното раководство на СДСМ, откривајќи дека со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, ретко се сретнуваат, но дека има високо мислење за него.


„Еднаш кога се видовме, ми понуди соработка, но не прифатив поради моите години и политичкиот концепт. Како интелектуалец го почитувам, професионално го ценам, и сметам дека во моментот ги исполнува критериумите за лидер на СДСМ“, изјави тој.

Во разговорот, Дамјановски се осврна и на односите со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. „Воспоставивме одлични односи по мојата победа на локалните избори во 2006, кога партијата беше во тешка летаргија. Од тогаш сме во одлични релации, често се среќаваме и разговараме за политика. Жално е што Бранко повеќе не е активен во политичкиот живот“, нагласи тој.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!