Утрински Весник
Спорт

Жалгирис го стопираше Монако, Кампацо и Звезда лесно против Валенсија

Жалгирис го стопираше Монако, Кампацо и Звезда лесно против Валенсија

Жалгирис го одигра можеби најдобриот меч во Евролигата оваа сезона за со 79:70 да го совладаат Монако во „Жалгирио арената“ и да останат во игра за плејофот.

dobivaj vesti na viber

Игнас Браздеикис имаше 22 поени, од кои четири тројки, Лауринас Бируис и Арнас Буткевичиус додадоа по 10 поени, додека за Монако, кои веќе имаат место во плејофот, Џордан Лојд и Донатас Мотиејунас имаа по 13 поени.

Пред овој меч, литванскиот клуб имаше два порази во низа, но сега се израмнети со Басконија со 16-15 скор меѓу осмото и деветтото место. Партизан е на седмото место со 17 победи.

Со надеж во плејоф останаа и Црвена звезда по убедливата 92:73 победа над Валенсија. Факундо Кампацо блесна со 15 поени, 7 скока и 3 украдени топки, а неговиот аргентински сонародник, Лука Вилдоза зааврши со 9 поени и 7 асисстенции. Звезда ја презде контролата во последната четвртина, кога доминираше со 23:11.

Во 32. коло, Звезда и Валенсија ќе мораат да победат за да останат во игра за плејофот. Звезда гостува кај АСВЕЛ на 31 март, додека Валенсија игра со Жалгирис истиот ден.

ЕВРОЛИГА, 31.КОЛО
Жалгирис – Монако 79:70 (28:19, 20:22, 17:12, 14:17)
Црвена звезда – Валенсија 92:73 (20:21, 26:20, 23:21, 23:11)
Олимпијакос – Асвел Лион 81:55 (22:13, 15:16, 19:10, 25:16)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина