Утрински Весник
Свет

Згрижувачка „спасувала“ сирачиња од Украина и за пари повикувала педофили да ги малтретираат

Згрижувачка „спасувала“ сирачиња од Украина и за пари повикувала педофили да ги малтретираат

Згрижувачка која спасувала сирачиња од војната во Украина е обвинета за сексуална злоупотреба и дозволување на педофилите да ги силуваат децата што таа ги негувала, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

Во судот во полскиот град Познан било кажано и дека Украинката Светлана Пљушко редовно ги малтретирала децата, терајќи ги да ставаат валкани пелени во уста и да јадат повраќаници.

Наводно, 53-годишнита жена сексуално злоставувала десет деца на возраст од 4 до 16 години, ги дрогирала и повикувала локални педофили да ги малтретираат во замена за пари.

Новинарот Пјотр Житнички од Gazeta Wyborcza рекол: „Ја држеле за коса и ја силувале, додека Светлана стоела на вратата со телефонот во рака и гледала кога ќе поминат 20 минути. Овие луѓе веројатно платиле за тие 20 минути. Децата подоцна рекле: „Мама не не спаси“.

Детскиот психијатар рекол дека децата се „исплашиле“ кога таа разговарала со нив. Тие седеле со рацете на колена, главите наведнати, без контакт со очите, додаде таа.

„Тие беа бледи и многу слаби. Едно петгодишно девојче тежело само 11 килограми. Имаа лоши заби“, додаде психијатарот.

Куќата на ужасите била разоткриена откако бил повикан лекар бидејќи едното дете имало стомачни проблеми.

Можете да прочитате

Нетанјаху одобри нова рунда преговори за примирје во Газа

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа