Утрински Весник
Македонија

Зголемено нивото на Преспанското Езеро, се намалуваат водостоите на реките

20260116102533 big 730x400 76.webp.webp

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум. Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрдим кај Ложани каде има зголемување на водостојот и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово каде нивото е исто со вчерашното.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени, додека ЕУ го признава напредокот на Македонија

СДСМ: Со „Скопска иницијатива” и платформата „Твоја држава, твоја шанса” отвораме ново поглавје за иднината на Македонија

Левица ја одржа 30та сесија на Централниот комитет