Утрински Весник
Економија

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар

20230829184455 big 730x400 20.webp.webp

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар во јуни годинава се зголемени за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, а за 5,3 отсто во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за ститистика, во споредба со мај 2025 година продажните цени се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2,5  отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,3  проценти, додека остануваат непроменети во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.


Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 2,9  отсто, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 5,5, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,3  и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4,8 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава, пак, на странските пазари се зголемени за 0,4 проценти во однос на претходниот месец, а за 5,3 отсто во споредба со јуни 2024 година.

При тоа, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во споредба со мај 2025 година се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2,8  и во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 отсто. Во споредба со ланскиот јуни, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 3,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 5,7 отсто.

Можете да прочитате

Мицкоски за цените на храната: Правиме детални анализи, не сакаме популистички мерки, туку трајно решение

Николовски: Политиките на ДПМНЕ го клекнаа земјоделството на колена, СДСМ обезбедуваше реална поддршка за земјоделците

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра