
Приходите на Грција од туризмот се зголемени за 8,9 отсто во периодот од јануари до октомври 2026 година. Според податоците на банката на Грција, бележи раст на бројот на посетители од 4,4 %.
Приходите во конкретниот период се 22,4 милијарди евра, зголемување што според Банката на Грција се должи како на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 5,8 отсто, така и на зголемувањето на приходите од посетители од останатите земји за 12,2 проценти.
Во однос на бројот на туристи што од јануари до октомври ја посетиле Грција, се зголемил за 4,4 проценти, од 33,8 милиони лани, на 35,3 милиони годинава.
Патничкиот сообраќај и преку аеродромите и преку копнените гранични премини бележи пораст од 4,6, односно 4,9 отсто, а бројот на патници од земјите членки на ЕУ изнесувал 21 милиони патници, 1,4 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, додека пак од останатите земји е за 9,1 отсто повисок, достигнувајќи 14,2 милиони посетители.
Во октомври годинава бројот на туристи во Грција се зголемил за 7,2 отсто, а приходите биле зголемени за 8,2 проценти, споредбено со истиот месец лани.
Минатата година беше рекордна за туризмот во Грција со речиси 36 милиони туристи и приходи од 21,7 милијарди евра, додека пак оваа година земјата ќе постигне нов историски рекорд.



