Утрински Весник
Македонија

Зголемен сообраќај на патните правци надвор од градските средини, на границите се чека

Зголемен сообраќај на патните правци надвор од градските средини, на границите се чека

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија на сила е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната важи во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес