Утрински Весник
Македонија

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела

Grip.jpg
Dik 300x250 mk

Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.


Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар – 20, Куманово – 15, Прилеп – 7, Тетово и Радовиш – по 5, Струмица и Македонски Брод – по 2, според податоците на ИЈЗ.

– Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години – 5, од 5-14 години – 2 лица и од 0-4 години – едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, потенцираа од ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.

Од ИЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на СЗО: постарите лица – над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

– Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 31.289 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини, додадоа од ИЈЗ. 

Можете да прочитате

Кочински: Граѓаните можат паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување на Лукоил Македонија?

Крадец влегол преку незаклучена врата, украл накит на скопјанка, ја турнал и побегнал