
Во периодот од 8 до 14 декември, во Република Северна Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од здравствените власти. Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30 случаи) и Куманово (20), а Македонски Брод има највисока инциденца 178 на 100.000 жители.
Најзасегната е старосната група 15–64 години со 97 случаи. Од 24 тестирани материјали во Институтот за јавно здравје, 4 се позитивни на грип (три Influenza A(H3) и еден Influenza A(H1)pdm09). Регистриран е и еден случај на RSV тип B, додека SARS-CoV-2 не е детектиран. Кумулативно, од почетокот на сезоната 2025/2026 се регистрирани 998 случаи, со најмногу во Гостивар (244) и Куманово (241), а Македонски Брод повторно има највисока инциденца – 583,5 на 100.000 жители.
Здравствените власти апелираат на вакцинација како најсигурна заштита и препорачуваат често миење раце, избегнување гужви, топло облекување и останување дома при симптоми на грип.


