Утрински Весник
Балкан

Зголемен број на заразени со коронавирус во Албанија

Koronavirus.webp.webp

Покрај сезонските вируси, во Албанија летово се бележи зголемен број случаи на заразени со коронавирус.

-Додека во европските земји циркулира нова подваријанта на КП.3, она што го зголеми бројот на заразени во Албанија е фактот дека циркулира подваријанта на омикрон, која најмногу ги погодува децата и возрасната група од 30 години и повозрасни, јави Топ чанел.

– Ковид е присутен во текот на целата година, во ниту еден момент не сме имале 0 случаи. Сега забележуваме флуктуација на кривата и имаме десетици случаи дневно, потврдува Еугена Томини, директорка на Заводот за јавно здравје.

И лекарите во здравствените установи велат дека дневно се јавуваат случаи кои клинички имаат знаци на ковид, иако се уште не се прават брисеви за да се потврди.

-Симптомите се омалаксаност, болки во зглобовите, главоболки, кашлица, висока температура, губење осет за мирис и вкус. Засега нема хоспитализирани, објаснуваат лекарите.

Директорката на Заводот за јавно здравје,Томини, апелира дека во никој случај не треба да се намалува грижата во однос на хигиенските правила, бидејќи не само ковидот, туку и другите вируси го влошуваат здравјето посебно кај хронично болните.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград