Утрински Весник
Македонија

Зголемен број на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите

Befunky 2024 7 0 16 43 50.jpg

Зголемен е бројот на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите, информира за МИА д-р Надица Мицева, дежурен лекар во службата. Таа вели дека во текот на денот има по 5 до 10 повици од граѓаните, а во текот на ноќта по десетина.

Мицева појаснува дека најчести повици добиваат од хронично болните кои се жалат на тегоби предизвикани како последица од високите температури кои лошо им влијаат по здравјето. Воедно, деновиве имало зголемен број на граѓани, и возрасни и деца, кои се жалеле на стомачен вирус со дијареа и повраќање, за кој има разни причини а најчесто неисправна храна и вода.

– Апелирам до граѓаните да внимаваат што и како консумираат и да избегнуваат брза храна од сендвичарите како хамбургери со мајонези кои се лесно расипливи. Воедно, ги потсетувам во овие топли денови да консумираат што повеќе овошје и зеленчук, а претходно добро да го измијат, воедно да ја зголемат и личната хигиена, а посебно почесто миење на рацете, предупредува таа.

Информира дека често се јавуваат и пациенти каснати од оси и пчели, а особено треба да вимаваат лицата кои се алергични на оси и стршлени.

Дополнува дека службата за Брза помош расплага и со доволни количества на змиски противотров.

Последниот случај на каснат од змија беше пред еден месец, 74 годишен граѓанин кај чешмата во неговиот двор од семејната куќа во село Бањица.

Претходно, двајца велешани беа каснати од змија додека работеле во лозјето.

Д-р Мицева апелира ди граѓаните да бидат внимателни при престој во природа, а доколку бидат каснати од змија веднаш да се јават во Брза Помош на бројот 194 и повикаат екипа на Брза помош.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски