Утрински Весник
Балкан

Земјотрес во Грција на Халкидики

Img 3079.webp.webp

Вечерва, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 26 километри североисточно од Сарти, популарно туристичко место на полуостровот Халкидики. Според првичните информации, епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за евентуална материјална штета или повредени лица. Местото на настанот се наоѓа во близина на туристичкиот регион, што може да предизвика загриженост кај жителите и туристите. Локалните власти го следат развојот на ситуацијата и подготвени се да реагираат доколку е потребно.

Можете да прочитате

Бугарија избира претседател: Близу 6,6 милиони граѓани со право на глас

(Видео) „Вучиќ оде, Вучиќ оде“ се пее пред избирачко место во Лос Анџелес

Тринаесет повредени по судирите во Тирана, четворица демонстранти останаа во болница