Утрински Весник
Свет

Земјотрес тежок 103 милијарди долари – Анкара со нови процени за материјалната штета

(Видео) 134 осомничени лица поврзани со зградите што се урнаа во земјотресот во Турција
Dik 300x250 mk

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа бројка од 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара.

dobivaj vesti na viber

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал НТВ.

Штетите на јавните инфраструктурни и комунални објекти изнесуваат 12,9 милијарди долари, а во економскиот сектор штетата е 11,8 милијарди долари.

Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и во други сектори.

Во Турција како резултат на земјотресот од 6 февруари загинаа речиси 50.000 луѓе.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп