Утрински Весник
Балкан

Земјотрес регистриран во Словенија – 24info.mk

Zemjotres.png

Во Словенија е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени, со епицентар кај Шкофја Лока, соопшти локалната агенција за животна средина (АРСО).

Земјотресот е регистриран во 3 часот и 37 минути.

„Проценуваме дека интензитетот на земјотресот не го надмина петтото ниво од европската макросеизмичка скала“, се додава во соопштението.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на осум километри југозападно од Шкофја Лока, во словенечката област Горењска.

Засега нема информации за евентуална штета.

Можете да прочитате

25 годишна девојка починла во Белград откако скокнала од петти кат од Филозофскиот факултет

Силно невреме го погоди Загреб – наставата во прекин

Бугарија за девет години го дуплираше својот БДП