Утрински Весник
Македонија

Земјотрес почувствуван во источна Македонија

Deprem haftasi konulu fotograf ve yazi odakli sade instagram gonderisi.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на
Републиката, поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари