Утрински Весник
Свет

Земјотрес од 6 степени ја погоди Камчатка, нема извештаи за штети

Zemjotres1.jpg

Земјотрес со магнитуда од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска крај брегот на полуостровот Камчатка во Далечниот Исток на Русија, соопшти локалниот огранок на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките, пренесува ТАСС.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 233 километри од градот Петропавловск-Камчатски.


Засега нема информации за повредени лица или материјални штети.

Полуостровот Камчатка се наоѓа во сеизмички активен регион, каде земјотреси и вулкански ерупции се чести. Кон крајот на јули, крај Камчатка беше регистриран земјотрес со магнитуда 8,7, најсилниот на Земјата од 2011 година, кој предизвика бранови цунами во Тихиот Океан.

Можете да прочитате

Трамп соопшти дека Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, а нарачката би можела да достигне и до 750

И Уганда прогласи жариште на ебола

ФБИ нуди 200.000 долари награда за поранешна американска разузнавачка која пребегна во Иран