Утрински Весник
Балкан

Земјите од регионот се уште под влијание на африканскиот топлотен бран

499495 Toplo Vreme Do Krajot Na Mesecot.jpg

Во сите земји од регионот и денеска се во сила предупредувања за високи температури поради топлиот африкански бран кој трае со денови, а можен крај и заладување може да се очекува за десетина дена.

Прогнозираните температури на воздухот се од 35 до 40 степени, а температурата на морето е висока и се движи од 24 до 27 Целзиусови степени.

Локално и за денеска е најавено невреме со грмежи и обилни врнежи од дожд, како што беше и синоќа во осијечко-барањската жупанија каде силен ветер собори дрвја, па интервенираа и пожарникари.

Во делови од Босна и Херцеговина денеска температурата ќе достигне 41 степен, главно на југот од земјата, но ќе има и изолирани локални врнежи. Температурата на морето во Неум вчера изнесуваше 29 степени.

Жешко со температура до 40 степени денеска ќе биде во одредени делови на Црна Гора, на приморјето, додека, според најавите, во Подгорица ќе биде за два степени повисока. Температурата на морето е 26 степени. УВ индексот е многу висок и изнесува 10.

И во нашата земја ќе биде многу топло, во некои делови и до 43 степени. Метеоролозите предупредуваат на многу висок УВ индекс – 10.

Можете да прочитате

Хорор во Белград: Киднапирале маж, го мачеле и го врзале, сакал да избега но паднал од 27 кат и починал

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

12-годишно девојче во Хрватска исчезна, полицијата започна потрага