Утрински Весник
Македонија

ЗЕЛС организира форум „Здружени“ по повод кампањата за крај на насилството врз жените и девојчињата

Nasilstvo 1.webp.webp

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска организира форум „Здружени“ во рамки на кампањата  16 дена активизам: #НемаОправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата. 

Форумот е организиран со поддршка на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените UN Women.

Како што најавија организаторите, на форумот ќе се обрати претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Лидија Петкоска, која е воедно и член на Комисија за еднакви можности во Собранието, членови на Лоби групата за родова еднаквост на ЗЕЛС, како и координаторите и претставниците од комисиите за еднакви можности и лицата одговорни за социјална заштита од општините.

Настанот се организира во важни моменти кога нашето општество се соочува со зачестени случаи на насилство врз жените и девојчињата, неретко и со фемициди, со дигитално родово базирано насилство и со други форми на насилство врз жените и девојчињата. Потребно е со заеднички заложби на сите нивоа на власти да се даде приоритет во утврдување на конкретни решенија и во спроведување на трајни и одржливи форми за превенција и сузбивање на оваа форма на насилство, посочуваат организаторите.

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство експлицитно повикува на вклучување и на локалните власти во креирањето на сеопфатните и координирани политики и обезбедување соодветни финансиски ресурси за нивна имплементација, но и во креирање на разни активности за превенција на насилството. Во таа насока, додаваат од ЗЕЛС, на Форумот ќе бидат презентирани добри искуства од општините – Карпош, Куманово и Струмица. Исто така, пред присутните ќе бидат споделени и предизвиците со кои се соочуваат давателите на вакви услуги и нивната соработка со локалната власт. Искуства ќе споделат претставниците од Советодавен центар за жртви од семејно насилство, Битола; од Организација на жените на Град Скопје – ОЖС, сопствен шелтер за жени и деца жртви на семејно насилство и С.О.С. –линија 15-700 за семејно насилство 24/7 и од Организација за правата на жените „Етика“ – Гостивар – сопствен шелтер центар за жени. 

Можете да прочитате

Променливо облачно, до 14 степени

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница