Утрински Весник
Свет

Зеленски: Западот има доволно оружје, но не ни го испраќа

Zelenski.jpg

Доцнењето на Западот со испораката на оружје во Украина ги чини животи Украинците, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тврдејќи дека Западот има доволно оружје и системи за противвоздушна одбрана, но дека тие не пристигнуваат навреме во Украина, пренесува Независне.

-Светот знае дека може да се спротивстави на теророт. Доцнењето на испораката, за жал, доведува до загуби, до тоа што списокот на деца чии животи ги зема Русија постојано расте – рече Зеленски, во врска со рускиот ракетен напад врз Одеса, во кој цивили, меѓу кои и деца, беа убиени.

Зборувајќи за ситуацијата на фронтот, каде Русија доби супериорна позиција во последните неколку недели со заземањето на неколку важни украински утврдувања, Зеленски рече дека новиот началник на Генералштабот на украинските вооружени сили има „карт бланш“ за сите кадровски промени во армијата и штабовите, додавајќи дека очекува негови конкретни предлози во однос на натамошните промени и планираните активности.

Во ноќта од саботата кон неделата руската армија уништила 38 украински беспилотни летала над Крим, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Претходно Министерството соопшти дека се уништени четири украински беспилотни летала над регионот на Белгород и еден над Ленинградската област, додека мостот на Крим бил затворен за сообраќај два часа.

Од почетокот на нападот на Украина во февруари 2022 година, Русија речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните области, како и на Крим.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња