Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Очекувам убедлива победа на Силјановска Давкова во првиот круг

Mickovski.webp.webp

До 12 часот собрани се повеќе од 15 000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Тој им се заблагодари на граѓаните кои во огромен број, за само четири часа доставија до подрачните единици на ДИК над 10.000 потписи.

Мицкоски рече дека очекува убедлива победа на Силјановска Давкова на изборите со над 100.000 гласа пред Пендаровски.

Тој се осврна и на кандидатите на ГРОМ и на Левица и рече дека тие се всушност опозиција на опозицијата во првиот круг и дека ќе биде интересно кому ќе му ги дадат гласовите во вториот круг, доколку воопшто го има. Тој очекува убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во првиот круг.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија