Утрински Весник
Свет
Img 7972

Зеленски за контраофанзивата: Ова е среќен ден, напредуваме во сите правци на фронтот

Казнета руска пензионерка која рекла дека Зеленски е згоден млад човек
300x250 opst2

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање до нацијата и светот, се осврна на резултатите од украинската контраофанзива и оцени дека податоците од теренот се оптимистички.

dobivaj vesti na viber

Зеленски во своето обраќање истакна дека фронтот се уште е најактивен во регионот на Запорожје и Доњецк.

„Нашите војници се активни, нашите напредни позиции и насоки на активни операции се активни. Денес нашите војници напредуваа на сите правци и ова е среќен ден. Посакав момците да имаат повеќе вакви денови“, рече Зеленски.

Тој додаде дека во текот на понеделникот посетил голем број единици на фронтот и дека денот бил полн со емоции.

„Благодарам момци за сите ваши зборови за поддршка. Ви благодарам на сите за прегратките. Сите наши војници, од пешадија до генерали – браво! Разговаравме и за формирање на Маринскиот корпус. Сите детали се јасни. Ги зајакнуваме маринците и сите елементи на нашите одбранбени сили“, рече претседателот на Украина.

На крајот Зеленски повтори дека цела Украина ќе биде ослободена.

„Повеќе оружје ќе не доближи до победата. Тоа е главната работа. Целата наша земја ќе биде ослободена. Апсолутно сите“, заклучил Зеленски.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија