Утрински Весник
Свет

Зеленски: Вративме многу територии во регионот Херсон, има успеси и на исток

Зеленски: Вративме многу територии во регионот Херсон, има успеси и на исток
Dik 300x250 mk

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека украинската армија забрзано враќа сè повеќе територии, особено на југот на земјата, во време кога во Русија се слушаат критики против военото раководство поради начинот на кој се води оваа војна, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Во видео обраќањето, Зеленски објави дека силите на Киев само во октомври повторно зазеле повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици населби во јужниот регион Херсон.

„ Успех има и на истокот. Сигурно ќе дојде денот кога ќе известуваме за успесите во регионот Запорожје, на југоистокот на Украина, во оние области кои окупаторите се уште ги контролираат – рече украинскиот претседател.

По контраофанзивата, украинските сили повторно зазедоа илјадници квадратни километри територија од почетокот на септември, а руските војници се повлекуваат на многу линии на фронтот, прво на североистокот, а од почетокот на оваа недела и на југот на Украина.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети