Утрински Весник
Свет

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната

Zelenski Volodimir Mia 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува на војната во Украина. Зеленски во обраќањето објавено на социјалните мрежи зборуваше за неговите активности.

„Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната“, рече Зеленски.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите. Кремљ го негираше ова, велејќи дека тоа е „лажна вест“.

Можете да прочитате

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година