Утрински Весник
Свет

Зеленски: Секој договор со Русија мора да биде потврден од народот преку избори или референдум

Zelenski.webp.webp

„Верувам дека на тоа прашање треба да одговори украинскиот народ. Било преку избори или преку референдум, ставот мора да биде одлука која доаѓа од народот“, изјави Зеленски, одговарајќи на новинарско прашање за можноста од постигнување договор со Москва.

Претседателот потврди дека САД предложиле нов модел кој предвидува повлекување на украинските сили од деловите на регионот Донецк што сè уште ги контролира Киев, како и создавање „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тие територии, без присуство на руските вооружени сили.

Зеленски нагласи дека американската страна „сè уште не знае“ кој би управувал со демилитаризираната зона доколку дојде до нејзино формирање.

Дополнително, тој изјави дека Вашингтон предложил повлекување на руската армија од украинските региони Суми, Харкив и Дњепропетровск, но и нејзино задржување во регионите Херсон и Запорожје, што дополнително го усложнува процесот на преговори.

Украинските власти повторуваат дека секое решение мора да ја гарантира територијалната целосност на земјата и безбедноста на нејзините граѓани, додека преговорите со Москва и понатаму се предмет на интензивни дипломатски напори.

Можете да прочитате

„Дејли мејл“: Трамп сака да одвои четири земји од ЕУ

ЕУ трајно блокира 210 милијарди евра руски средства

Принцот Вилијам додели орден на 11-годишно девојче