Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русите пред бегството ја уништија инфраструктурата за струја, вода и греење

Зеленски: Русите пред бегството ја уништија инфраструктурата за струја, вода и греење

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија воспоставила контрола над повеќе од 60 населени места во регионот Херсон и дека се спроведуваат мерки за стабилизација.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека руската војска ја уништила целата критична инфраструктура во градот пред да побегне, вклучувајќи ги и комуникациите и снабдувањето со вода, греење и електрична енергија.

„Пред да избегаат од Херсон, окупаторите ја уништија целата критична инфраструктура: комуникациите, вода, греење, струја“, рече Зеленски.

„Русите насекаде имаат иста цел: да ги понижуваат луѓето што е можно повеќе. Но, ние ќе вратиме сè, верувајте ми“, продолжи тој.

„Полицијата започна мерки за стабилизација“, рече Зеленски, додавајќи дека досега се отстранети речиси 2.000 мини и неексплодирани гранати.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега