Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија започна пролетна офанзива на североистокот на Украина

20250410084720 big 730x400 61.webp.webp

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Русија започнала нова пролетна офанзива, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионите Харков и Суми, а во исто време продолжува притисокот на истокот на земјата.

-Денеска повеќе од 67.000 руски војници се стационирани во правец на Курск. Тие го завршија трансферот на силите за напад на правецот Суми, рече Зеленски, предупредувајќи дека офанзивата од регионот на Белгород веќе е во тек, со секојдневни обиди за пробивање, објави „Киев Индипендент“.


Според Зеленски, украинските вооружени сили досега успеале да го спречат рускиот напредок кон регионите Харков и Суми, иако Русија продолжува да трпи големи загуби.

Зеленски нагласи дека Русија не ги променила своите цели – заземање територии во регионите Суми, Харков и Запорожје, како и пристап до границите на регионите Доњецк и Луганск, што, како што вели, останува дел од првичниот план на Москва од почетокот на војната.

Украинскиот претседател потсети дека Русија остварила најголеми тактички придобивки во ноември 2024 година, но тоа било проследено со големи загуби и забавување на офанзивата.

-Путин купува време и подготвува пролетна офанзива. Ги гледаме сите знаци на тие подготовки, рече Зеленски.

И командантот на украинската војска, генералот Александар Сирски, вчера потврди дека пролетната офанзива веќе е започната. 

Можете да прочитате

Син го убил татка си, го распарчил телото, па го пријавил како исчезнат – Хорор во Унгарија

Денешниот ден (вторник 15 април) беше многу мачен и спарен!

Земјотрес повторно ја стресе Турција