Утрински Весник
Свет

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

Zelenski.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја започнал третата светска војна и дека таа мора да биде запрена со силен воен и економски притисок.

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски рече дека Украина нема да се согласи на територијални отстапки кон Москва во замена за прекин на огнот, велејќи дека повлекувањето од териториите што моментално ги контролира Русија би значело „напуштање на стотици илјади луѓе“ и ослабување на позицијата на земјата.


„Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе може да освои и како да го запре тоа… Русија сака да наметне поинаков начин на живот на светот и да ги промени животите што луѓето сами ги избрале“, рече Зеленски, додавајќи дека какви било отстапки само привремено би ја задоволиле Москва.

Тој процени дека на Русија ќе ѝ треба кратка пауза за да се опорави, по што, според него, би можела да ги продолжи воените операции.

Коментирајќи ги преговорите за прекин на огнот, Зеленски истакна дека победата за Украина значи зачувување на независноста и враќање на териториите во границите од 1991 година, но изјави дека обидот за веднаш постигнување на ова би значел огромни човечки загуби.

„Земја без луѓе е ништо“, рече тој, нагласувајќи дека Украина во моментов нема доволно оружје за таков потфат без дополнителна помош од партнерите.

Кога беше замолен да го коментира ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека територијалните отстапки на Украина кон Русија се клучот за прекин на огнот и дека Украина не може да ја добие војната, Зеленски рече дека Украинците се борат за независност.

„Денес сте во Киев, во главниот град на нашата татковина, во Украина. Многу сум благодарен за тоа. Дали ќе изгубиме? Секако не, бидејќи се бориме за независноста на Украина“, рече украинскиот лидер.

Можете да прочитате

Биткоинот продолжува да тоне – 24info.mk

Денеска состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, главна тема Орбан

Принцот Ендрју плаќал масажи со буџетски пари