Утрински Весник
Свет

Зеленски пристигна во Анкара – 24info.mk

20250515111835 big 730x400 94.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Анкара каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“.


Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот.

Захарова потврди дека руската делегација пристигнала во Истанбул.

Украина е во контакт со делегацијата на САД во врска со разговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна во Анкара.

– Официјално, не сум запознаен за нивото на застапеност на Русите. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како заменски реквизити, рече Зеленски во врска со руската делегација во Истанбул.

Тој додаде дека Украина ќе ги одреди своите следни чекори откако ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Можете да прочитате

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд