Утрински Весник
Свет

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека најновите разузнавачки податоци укажуваат на подготовки за нов бран големи руски напади врз земјата. Тој посочи дека фокусот во моментов е ставен на зајакнување на воздушната одбрана и дека Украина интензивно комуницира со сојузниците за обезбедување дополнителни ракети и системи, бидејќи постојните резерви се недоволни.

Зеленски нагласи дека е важно партнерите навреме да реагираат на овие потреби. Украинскиот лидер додаде дека Министерството за одбрана работи засилено и ги повика граѓаните сериозно да ги следат алармите за воздушна опасност. Тој потсети дека и претходно предупредил на можен голем напад, по што Русија извршила ракетни и дрон-напади врз повеќе региони, вклучително и Киев и Лавов, при што биле погодени станбени зони и критична инфраструктура.

Можете да прочитате

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“

Сијарто: Украина продолжува грубо да се меша во изборите во Унгарија

Забрчанец: Про-украинскиот медиумски простор заробен во стапицата на нереални очекувања