Утрински Весник
Свет

Зеленски: Партнерите на Украина треба да одлучат како го гледаат крајот на војната и глобалната позиција на Киев

Volodimir Zelenski.jpeg

Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

– Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на сите што можат да ја зајакнат Украина. Им нудиме на нашите партнери да одлучат како го гледаат крајот на оваа војна и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, како и заедничките чекори кои можат да доведат до тоа војната да биде на пат да заврши, рече тој во редовното видео обраќање.

Зеленски истакна дека го очекува извештајот на украинскиот тим кој моментално работи во Вашингтон, како и извештајот на врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, истакнувајќи дека ситуацијата е особено тешка на фронтот во Доњецк.

Како што беше претходно најавено, американскиот претседател Џо Бајден ќе претседава со следниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во формат Рамштајн, што ќе се одржи на 12 октомври во Германија.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи