Утрински Весник
Свет

Зеленски: Орбан ја користи Украина за изборни цели

Zelenski.webp.webp

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за унгарскиот портал „Валас онлајн“ (Valasz Online) го обвини премиерот на Унгарија, Виктор Орбан дека користи пропаганда против Украина за внатрешнополитички поени.

– Тој (Орбан) ја користи Украина за изборни цели. Тој не разбира дека ова ќе има многу посериозни и поопасни последици. Со тоа што не ни помага, му прави услуга на (рускиот претседател Владимир) Путин. И затоа велам дека Виктор прави голема историска грешка, истакна Зеленски.


Владата на Орбан изминатиот период води кампања против помошта за Украина и се спротивставува на нејзиното членство во ЕУ. Како дел од кампањата против Украина, се поjавија и билборди со Зеленски.

– Како може тој (Орбан) да го искористи моето лице за да биде избран? Не му дадов дозвола за тоа, истакна Зеленски.

Тој наведе и дека Украинската безбедносна служба минатиот месец уапси двајца Украинци од унгарско потекло, осомничени за шпионажа за Унгарската разузнавачка служба.

Потоа Унгарија уапси шпион, за кој се верува дека работел за Украина и кој е близок до лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар.

Орбан е на власт од 2010 година, а следните парламентарни избори се во 2026 година.

Можете да прочитате

19-годишно момче уапсено во Полска – планирал терористички напад

Анкета на „Пју“: Глобалната перцепција за САД значително се влоши откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа

Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници