Утрински Весник
Свет

Зеленски: Неопходна е забрзана примена на санкциите против Русија

Зеленски: Неопходна е забрзана примена на санкциите против Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, на заеднички брифинг со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во Киев изјави дека инсистира на нови иоб прзи санкции на ЕУ против Русија.

dobivaj vesti na viber

„Разговаравме за нови санкции против Русија, особено за десеттиот пакет-санкции. Ова е заедничка европска задача – да се намали способноста на Русија да ги заобиколи санкциите и колку побргу и подобро се изврши оваа задача, толку поблиску ќе бидеме до поразот на Русија“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Тој оцени дека темпото на воведување санкции против Русија е забавено и дека Русија ја зголемува брзината со која се приспособува на санкциите и укажа на потребата тоа да се коригира.

Можете да прочитате

Експлозија во терминал за извоз на природен гас во Катар, повредени се 54 лица, 18 се водат како исчезнати

Израелски министер: ИДФ сили остануваат распоредени во Либан

Зеленски: Русија лансираше околу 2.200 дронови во Украина за една недела