Утрински Весник
Свет

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина

20250721160026 big 730x400 15.webp.webp
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро со кого разговараа за продолжување на одбранбената поддршка за Украина, противвоздушната одбрана и обуката на украинските војници.

„Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство на дронови во Украина е особено значајна“, напиша Зеленски во објава на X.


За време на разговорот, исто така, станало збор за санкциите против Русија и напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската унија, додаде тој.

„Ѝ благодарам на Франција, на претседателот Макрон и лично на господинот Баро за поддршката што ни ја даваат од првите денови на војната. Ви благодарам за солидарноста со нашиот народ, порача Зеленски.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина