Утрински Весник
Свет

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Zelenski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но конечното обезбедување на мирот ќе зависи од неговите партнери, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ова се најактивните дипломатски денови во годината и многу работи можат да се решат пред Нова Година. Правиме сè за да се случи тоа. Но, одлуката зависи од партнерите“, напиша Зеленски на својот профил на платформата Телеграм.

Тој додаде дека украинските партнери треба да го зголемат притисокот врз Москва, за Русија „да ги почувствува последиците од агресијата“.

Зеленски подоцна денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во неговата вила во Флорида.

Средбата е закажана за 13 часот по локално време, односно 19 часот по средноевропско време.

Зеленски претходно објави дека за време на состанокот во резиденцијата на Трамп во Флорида, ќе разговараат за судбината на спорниот регион Донбас, како и за иднината на нуклеарната централа Запорожје.

Зеленски, кој синоќа пристигна во Флорида, рече дека сè уште се надева дека ќе го модерира американскиот предлог за целосно повлекување на украинските сили од Донбас.

Во случај на неуспех, целиот план од 20 точки треба да се стави на гласање како дел од референдум, а за да се овозможи тоа гласање, Русија треба да се согласи на 60-дневно примирје, објави Аксиос.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула