Утрински Весник
Свет

Зеленски: Киев е подготвен да остане гарант за светската прехранбена безбедност

(Видео) Зеленски: Сакаат да не уништат, да се држиме и да бидеме силни

Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговорот со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

dobivaj vesti na viber

„Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на договорот за жито“, напиша Зеленски на Твитер.

Руската армија претходно денес соопшти дека сака Украина да се обврзе дека нема да го користи коридорот за извоз на жито за воени цели.

 

Русија ги повика ОН, гарант на договорот за извоз на жито потпишан во јули, да помогнат во добивањето гаранции од Украина.

Руските власти во саботата соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа по нападот на Крим, за кој Москва ги обвинува Украина и Велика Британија.

Можете да прочитате

Израел го одобри планот за преземање на градот Газа

Трамп ја повика гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, да поднесе оставка

Кина купува руска нафта што Индија ја одбива