Утрински Весник
Свет

Зеленски: Киев ќе добие нова воена помош од земјите на НАТО

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање на „Твитер“, порача дека Украина ќе добие нова воена помош од неколку земји. Преку видео порака, Зеленски најави воена помош од Канада, Германија, Франција, Данска, Естонија.

dobivaj vesti na viber

„Поточно, станува збор за муниција, тенкови и артилерија“, додаде тој.

Зеленски нагласи дека Шведска донела многу важна одлука за што му се заблагодарил на Стокхолм. Тој се заблагодари и на Словачка за нејзината одлука да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина.

„Украинската армија продолжува да биде „силно помогната“ од Полска, Литванија, ОК, ЕУ, САД и многу други“, додаде тој.

Можете да прочитате

Остатоци од украински дрон предизвикаа пожар во руска рафинерија во Славјанск

Стармер: Разгледуваме испраќање војници во Украина

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо