Утрински Весник
Свет

Зеленски и Трас разговараа за воздушната одбрана на Украина

Зеленски и Трас разговараа за воздушната одбрана на Украина
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британската премиерка Лиз Трас денеска разговараа за поддршката на украинската воздушна одбрана, јавува британски Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Зеленски рече дека разговарал со Трас и дека смета на британското лидерство во зближувањето на меѓународната заедница за да го заштити украинското небо.

Даунинг стрит во Лондон рече дека Лиз Трас силно ги осудува „ужасните напади на Путин врз цивилните области во Киев и на други места денес“ додавајќи дека нападите се „знак за успесите на Украина и зголемениот очај на Путин да одговори“.

Денеска, Русија со проектили ги бомбардира градовите во Украина по голема експлозија претходниот ден кога беше оштетен патно-железничкиот мост преку теснината Керч.

Тој мост ја поврзува Русија со полуостровот Крим, украински регион анектиран од Русија во 2014 година.

Трас рече дека Обединетото Кралство стои од срце зад Украина и дека таа и Зеленски ги поздравиле испораките на британската воена помош што продолжила да тече во Украина.

Таа ја спомена и онлајн-средбата на лидерите на земјите од групата седум (Г7), на која ќе ѝ се приклучи Зеленски.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците