Утрински Весник
Свет

Зеленски: Ќе одговориме на руските напади во Црното Море

Зеленски: Ќе одговориме на руските напади во Црното Море

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина ќе се бори против Русија во Црното Море и ќе одговори на руските напади.

dobivaj vesti na viber

„Ако Русија продолжи да доминира на Црното Море, надвор од нејзината територија, повторно да нè блокира или гранатира, да лансира ракети кон нашите пристаништа, Украина ќе го стори истото. Ова е фер заштита на нашите способности, на секој коридор. Ние не располагаме со толку многу бродови. Меѓутоа, (Русите) мора јасно да разберат дека до крајот на војната ќе имаат нула бродови, нула“, рече Зеленски на видео објавено на веб-страницата на украинското претседателство.

На брифингот со новинарите од земјите од Латинска Америка, Зеленски ја повика Русија да прекине да истрелува ракети и беспилотни летала кон украинските пристаништа и да дозволи трговија.

Русија ги блокираше украинските пристаништа на Црното Море на почетокот на нејзината инвазија на земјата во февруари 2022 година. Блокадата економски ја задушува Украина, бидејќи пред војната нејзината економија главно се базираше на извоз, најмногу на челик и жито.

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот