Утрински Весник
Свет

Зеленски допатува во Полска

Зеленски: Неопходна е забрзана примена на санкциите против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Полска. Посетата, доаѓа во време кога Украина планира да почне контраофанзива во наредните недели или месеци за да ја врати окупираната територија од Русија во источниот и јужниот дел.

dobivaj vesti na viber

Помошникот на полскиот претседател Марсин Псидач за приватната телевизија ТВН24 потврди дека Зеленски пристигнал во Полска. Вчера тој најави дека посетата „треба да се сфати како знак на доверба и благодарност кон Полска и Полјаците“.

Зеленски во Варшава ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки и ќе разговара со украинските бегалци и претставници на полската јавност.

– Нема да биде изненадување што украинската страна бара поголема поддршка од Полска и другите странски партнери, но мора да бидеме свесни дека Полска веќе направи многу, рече Псидач.

Полска прими и повеќе од милион украински бегалци откако Русија ја нападна Украина пред 13 месеци.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар