Утрински Весник
Свет

Зеленски: Да се воведат санкции против Росатом и руската нуклеарна индустрија

Зеленски: Да се воведат санкции против Росатом и руската нуклеарна индустрија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, откако беше официјално објавено дека Европската унија го воведе десеттиот пакет санкции против Русија, изјави дека сега треба да се воведат санкции против Росатом, руската државна корпорација за атомска енергија.

dobivaj vesti na viber

„Десеттиот пакет санкции се насочени кон руската воена индустрија, пропаганда и финансиски систем. Притисокот врз рускиот агресор мора да се зголеми. Очекуваме решителни чекори против Росатом и руската нуклеарна индустрија, а очекуваме и поголем притисок врз војската и банкарството“, напиша Зеленски на Твитер.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа